сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 38
home Вести

Мицкоски за укинувањето на учебници: Учениците ќе бидат образовно осакатени заради непромислените потези на Царовска

Мицкоски за укинувањето на учебници: Учениците ќе бидат образовно осакатени заради непромислените потези на Царовска

Во однос на укинувањето на учебниците, како редовен професор кај кого поминале илјадници студенти, можам да кажам дека е една огромна глупост и уназадување на образованието. Јас, не можам да разберам како еден социјален работник и активист, произлезен од социјалните организации нема чувство за тоа во која насока треба да се движи образованието, одговори Мицкоски на новинарско прашање за политиките на МОН во однос на укинувањето на учебниците.

Тој кажа дека учениците се тие кои што треба да ги трпат овие непромислени потези на Царовска и истите ќе бидат образовно осакатени, а сето тоа само поради тоа што министерката не сака да запре со идеите кои не само што немаат никаква логика, туку директно го урнисуваат образовниот систем.

– Имајќи предвид дека ние имаме околу 250 илјади учебници, а со оглед на тоа дека во некои делови од државата нема можности за користење на интернет, тогаш тоа значи дека над 25 илјади дечиња ќе останат без можност за образование, вели Мицкоски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи тој закон да помине, иако сега власта сака законот да го врати, па да проба да го протне со европско знаменце. Доколку се обидат на таков подмолен начин, тогаш од ВМРО-ДПМНЕ ќе следи сериозна блокада на Собранието, со цел спасување на образованието и на генерациите кои следат, заклучи Мицкоски.

Коронавирус