четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 178
home Вести

Мицкоски за скандалот Заев-Дака: Три дена молчат што на контраверзен бизнисмен му дадоа бизнис од 200 милиони евра, станаа вистина наводите за поткуп од бомбата на изборите

Мицкоски за скандалот Заев-Дака: Три дена молчат што на контраверзен бизнисмен му дадоа бизнис од 200 милиони евра, станаа вистина наводите за поткуп од бомбата на изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес одговараше на новинарско прашање за аферата која ја обелодени потпретседателот на  партијата, Александар Николоски.

Станува збор за случајот кој е поврзан со странски државјанин и СДСМ и ДУИ.

-Па еве веќе трети ден гледаме молк, воопшто ниту има некаков одговор од страна на СДСМ, ниту пак општина Тетово, ниту пак Владата даваат одговор, ниту пак Министерството за транспорт и врски дава одговор зошто токму тогаш се случува промената на тој детален урбанистички план со кој што се овозможува дополнителна можност за заработка на двестотини милиони евра на контраверзен бизнисмен кој што во еден таков нелегално стекнат материјал го слушавме за време на изборната кампања како споменува провизии во вредност од неколку стотици илјади евра, па потоа го гледавме демантираше, па велеше дека тие пари не ги зела оваа Влада, туку ги земала некоја друга Влада, па потоа иститот тој бизнисмен го гледавме како вели дека ветил две илјади квадрати кога ќе помине дупот. Тука веќе не може да се вадиме дали било оваа или друга влада затоа што раководството на општината во која што се менува овој детален урбанистички план и тогаш и во една влада и во друга влада бил истиот од тоа раководство, па вели како ќе дал провизија од две илјади квадрати, па неколку милиони евра се споменуваат за работа која што треба да му биде завршена, а таа работа се завршува веднаш по формирањето на Владата, истакна тој.

Мицкоски посочи дека неколку дена по постигнувањето на коалицискиот договор се менува деталниот  урбанистички план со кој што на криминален начин се овозможува  да се стекне добивка од повеќе од двестотини милиони евра односно отприлика сто дваесет илјади метри квадратни станбен простор некаде околу шеесетина илјади метри квадратни се трговски и деловен простор, дваесетина илјади квадратни ако не се лажам се резиденцијални куќи и така натаму.

-Но, тоа не е се. Овој интеркоалициски договор предвидува и менување на други детални урбанистички планови. Ќе се прашате зошто коалициски договор помеѓу политички партии предвидува менување на детални урбанистички планови. Затоа што тоа е мафија, а мафија е тесно поврзана со нелегални вредности. Затоа што тука нема никаква врска со политика, а такви детални урбанистички планови и такво менување ќе се слушнете деновиве, тука во строгиот центар на градот и зошто се менувани и кога се менувани и која била целта на менувањето на тие детални урбанистички планови. Затоа што обично кога во светот се постигнуваат интеркоалициски договори помеѓу политички партии се дефинираат политики, програма за работа и така натаму, а не се менуваат детални урбаниситички планови со кој што се овозможува екстра профит на лица кои што претпоставувам имаат определена обврска како што тоа го слушнавме од овој контраверзен бизнисмен, дел од тие пари и дел од тие средства стекнати како резултат на менувањето на овие детални урбанистички планови да ги вратат онаму кај тие што  ги менуваат тие детални урбанистички планови, рече тој.

Најнови вести

Коронавирус