вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 75
home Вести

Мицкоски: За сите одлуки со кои минатата влада нанела на некому неправда подготвен сум да се извинам, но исто така таа влада направи многу добри дела за државата

Мицкоски: За сите одлуки со кои минатата влада нанела на некому неправда подготвен сум да се извинам, но исто така таа влада направи многу добри дела за државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето на утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител,  рече дека како човек е подготвен да се извини на секој на кого минатата влада или тој како човек му нанеле неправда, но потенцира дека претходната влада направи многу дела за државата.

– Во тој период од тие 11 години нормално е да човек што работи прави и грешки, и тука не треба да има дилема. Не можете вие 100% да бидете успешен во тоа  што го работите. Се разбира и во моите посети низ општинските комитети, јас тоа го правам и барам прошка за она за кое што ВМРО-ДПМНЕ, јас лично како човек ненамерно сум се огрешил и тоа не треба да нешто кое што е чудно, ниту пак лошо за еден политичар, рече Мицкоски.

Водителот, Александар Блажевски, кажа дека нема видено некој политичар кој во минатото се извинил за грешките што ги правел, на што Мицкоски повторно рече дека, тој апсолутно нема проблем тоа да го прави, со сите луѓе кои аргументирано ќе кажат дека за време на неговото претседателствување со ВМРО-ДПМНЕ  или за време на периодот на водење на владата како ВМРО-ДПМНЕ му нанеле штета, дали свесно или несвесно, нормално дека ќе се извини. Но не треба да се потенцира дека за време на тоа 11 годишно владеење 180.000 луѓе се вработија.

Коронавирус