среда, 30. септември 2020. Вести денес: 67
home Вести

Мицкоски: За разрешница на случајот „Рекет“ потребно е вистинска правда, а не судски театар

Мицкоски: За разрешница на случајот „Рекет“ потребно е вистинска правда, а не судски театар

На обвинителната клупа за случајот „Рекет“ треба да седнат инспираторите, сценаристите и организаторите, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за радио „Македонски корени“ од Сиднеј.

-Ова е само еден од низата криминални и коруптивни случаи кои што се случија во минатото, а ова е само еден од таа низа. Очекувам навистина да сторителите на ова грозоморно рекетирање и уценување да бидат изведени пред лицето на правдата. Тука пред се не мислам на оние лица кои што се онаму на обвинителната клупа туку на инспираторите, сценаристите и организаторите на сето ова кои што се уште не ги видовме на обвинителната клупа, заклучи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека трпението доаѓа до крај, очекува да види вистинска правда, вистинска разрешница на овој случај, а не судски театар. -Но сепак останува процесот да го доживее својот крај па тогаш да се коментира.

Коронавирус