петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски за продолженијата на „Ла Верита“: Тоа е доказ дека политичарите од транзицијата функционираат со поткуп, закани и уцени

Мицкоски за продолженијата на „Ла Верита“: Тоа е доказ дека политичарите од транзицијата функционираат со поткуп, закани и уцени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Прилеп.

Таму одговори на новинарско прашање: „Има нови продолженија на Ла Верита околу случувањата со Рекет итн, како го коментирате тоа“?

-Тоа е доказ за едно срамно однесување на политичари од минатото, политичари од транзицијата кој што ги коментиравме во минатото  како функционираат. Функционираат со поткуп, функционираат со закани, функционираат со уцени. Не ме чуди, јас за сето тоа сум свесен бидејќи сум бил сведок на такви изборни циклуси кои што ги воделе тие луѓе, така што немам што да коментирам едноставно се срамам што државата во која што живеам, во која што работам е претставена во такво светло во меѓународната заедница и тоа е само уште еден дополнителен показател дека не само што не одиме на вистинскиот пат, туку одиме на погрешниот пат со овие политичари, со оваа влада на СДСМ, одиме комплетно во амбис. Но, среќа граѓаните ќе имаат можност да добијат влада после 12 април која што ќе биде вистинска, граѓанска влада  и влада која што ќе се грижи за интересите на граѓаните  и развојот на оваа држава, истакна Мицкоски.