сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 38
home Вести

Мицкоски за пресудата на Јанкуловска: Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев

Мицкоски за пресудата на Јанкуловска: Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска е осудена без докази.

-Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор.
Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт.
Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО ДПМНЕ.
Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата.
И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, September 18, 2020

Коронавирус