четврток, 4. март 2021. Вести денес: 169
home Вести

Мицкоски: За пописот потребен е сеопфатен консензус, политички монтиран попис граѓаните ќе ги чини пари

Мицкоски: За пописот потребен е сеопфатен консензус, политички монтиран попис граѓаните ќе ги чини пари

Во текот на вчерашниот ден ВМРО-ДПМНЕ имаше редовна седница на Извршниот комитет и една од точките на која што опсежно и долготрајно се разговараше беше темата за пописот на населението во Македонија, истакна денес Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Она кое што беше заклучено после долгата и опсежна дискусија е следното, имено попис е потребно да има, но тоа е потребно да биде статистичка операција, а не политичка операција каква што се подготвува од страна на владејачкото мнозинство. Попис е потребно да има за да можеме благовремено, навремено да го планираме развојот на економијата, образованието, здравството, земјоделието итн. Затоа што не е сеедно да пресметувате БДП од 11 милијарди евра на политички консензуален договор на население од два милиони жители и резидентно реално население од 1.5, 1.6, 1.7 милиони жители. Зошто? Затоа што тоа директно влијае врз кредитниот рејтинг на државата, а кредитниот рејтинг на државата директно удира по џебот на граѓаните, бидејќи задолжувањето кое што понатаму граѓаните полнејќи го буџетот го враќаат може да биде значително поголемо доколку статистичката операција попис е практично политичка операција каква што планира да спроведе владејачкото мнозинство, вели Мицкоски.

Тој додава дека попис како статистичка операција се прави откако претходно ќе се постигне национален, општествен и политички консензус. Што во овој случај изостана бидејќи во рамките на парламентарната комисиска расправа опозицијата предложи 40-тина амандмани и можете да претпоставите македонска јавност дека ниту еден од тие 40 амандмани не беше прифатен од страна на владејачкото мнозинство туку директорот на ДЗС беше благо укорен од претседавачот на Комисијата, немој да се мешаш затоа што се е веќе договорено.

Најнови вести

Коронавирус