сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски за „Политика“: Сите се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ победува

Мицкоски за „Политика“: Сите се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ победува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за српскиот весник „Политика“ вели дека сите се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ победува на наредните парламентарни избори.

Политика: Дали ќе ја проширите Коалицијата со некои партии од Коалицијата на СДСМ, бидејќи рековте дека преговарате со некои партии, што ќе понудите во новата програма и мислите ли дека со новата програма ќе освоите околу половина милион гласови?

Мицкоски: Сите се свесни дека ВМРО ДПМНЕ победува. Ги гледаат анкетите и го чувствуваат пулсот на народот. Знаат дека ова е крај на најсрамните три години од историјата на независна Маледонија. Затоа добар дел од коалициските партнери на Заев ни испраќаат сигнали. Нормално и очекувано е како што наближува април, така да зачестуваат обидите за приклонување кон победникот. Сепак ние носиме нова енергија која се базира на честитост и принципиелност. Борбата за власт заради власт мора да биде дел од минатото. Ние сега вреднуваме капацитет, визија и знаење. Секој што ќе може да придонесе во нашата борба за обнова на Македонија е добредојден. Нашата најголема коалиција се граѓаните на Македонија. Во новата програма ќе понудиме работа, проекти и рокови кои ќе ја ослободат Македонија од ова беззаконие и ќе ја вратат на брза лента на патот на реформите и приближувањето кон ЕУ стандардите. Ќе понудиме решенија во економијата, образованието, здравството, земјоделието и сите други области кои ќе значат квалитетен исчекор и кои реално ќе го подобрат животот на граѓаните. За тоа имаме тим и имаме волја. Граѓаните ја препознаваат новата енергија и верувам дека масовно ќе не поддржат.

Најнови вести

Коронавирус