понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски: За оние кои го нападнаа штабот на ВМРО-ДПМНЕ треба да го прашате Заев, но сторителите и нарачателите треба да знаат дека имаме институционална меморија

Мицкоски: За оние кои го нападнаа штабот на ВМРО-ДПМНЕ треба да го прашате Заев, но сторителите и нарачателите треба да знаат дека имаме институционална меморија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 вели дека Зоран Заев треба да одговори на прашањето кој го шарал и кој фрлал боја врз централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека партијата има институционална меморија каде што се сеќава на вакви злодела кои се прават врз ВМРО-ДПМНЕ.

-Каква е стратегијата која што ја подготвува владата на Зоран Заев? Најпрво имаше неуспешно сценарио да ВМРО-ДПМНЕ се втурне односно да се организира протести каде што ќе бидат исценирани инциденти слични на оние кои што беа исценирани на 27-ми април и потоа ВМРО-ДПМНЕ да биде прогласен за радикален елемент и да му се одземат сите аргументи во оваа битка и под форма на притисок, ВМРО-ДПМНЕ да може да делува поинаку од ова што сега делува или ние популарно велиме да се одземе имунитетот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека Заев е свесен што потпишал мислејќи на договорот за промена на името со Република Македонија кој според него претставува капитулантско дело кое значи бришење на македонската историја и идентите на Македонците.

-Видовме како политичар во Република Македонија се качуваше со две знамиња на хауба на транспортер оклопен возило и како полицаец нежно го замолува да се симне, од друга страна недолжни граѓани кои што го искористиле своето демократско елементарно  право да излезат ио да протестираат против овој капитулантски чин кој што го направи владата на СДСМ и Зоран Заев се гаѓани со гумени куршуми, со шок бомби солзавци итн. Гледаме како од една страна се применува асиметрична сила врз мирните протестанти а од друга страна човек кој се качува со две знамиња каде полицаец излегува и го замолува да се симне. Зар не ви личи тоа дека е исценирано сето тоа, праша Мицкоски.

Претседателот Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да подлегне на овие исценирани сценарија и исфилтрирани групи кои имаат за цел да создадат лоша слика и немири во Република Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе делува институционално, ВМРО-ДПМНЕ ќе делува демократски. Не ја исклучува можноста за организирање на масовни собири и протести. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува и поздравува сите мирни протести кои се во насока да го критикуваат ова капитулантско дело кое што го потпиша Заев и Димитров, нагласи партискиот лидер.