недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски за најавите за нова десна партија: ВМРО е силно и обединето, Заев користи разни алатки да остане на власт

Мицкоски за најавите за нова десна партија: ВМРО е силно и обединето, Заев користи разни алатки да остане на власт

Во денешната емисија на „ 24 Отворено“ гостуваше Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој кажа дека партијата е обединета и силно мотивирана да победи на следните парламентарни избори и да ја ослободи Македонија од владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

– ВМРО ДПМНЕ е обединето , ВМРО ДПМНЕ е силно мотивирано да победи на следните предвремени парламентарни избори и да ја ослободи Македонија од оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, но истовремено треба да сме исто така свесни дека Зоран Заев и СДСМ ќе користат определени политики и алатки за да нормално се спротивстават и го ублажат тој пораз кој што следи на следните предвремени парламентарни избори кажа Мицкоски.

Тој дополни дека е свесен дека СДСМ користи дополнителни политики и алатки за да се спротивстават на следните предвремени парламентарни избори се со цел да го ублажат поразот.

Мицкоски дополни дека им посакува среќа на оние кои мислат дека треба да се формира нова партија.

Коронавирус