недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 74
home Вести

Мицкоски: За мене единствено прифатливо решение е Уставното име, Република Македонија

Мицкоски: За мене единствено прифатливо решение е Уставното име, Република Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Само вистина“ рече дека е посебно изненаден и непријатно разочаран што оваа Владата предводена од СДСМ со сите сили се насочи само на едно прашање за кое потпишаа капитулација.

-Ги прифатија целокупните грчки позиции,односно прифатија ултиматум. Нашите црвени линии во минатото многу пати беа кажани. За нас прифатливо е Уставното име Република Македонија, а за идентитетските прашања националност и јазик не се преговара зошто тие права се стекнати права. Тоа се позициите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш додаде дека ова е капитулански договор, штетен за Република Македонија. Тој исто така е убеден дека можело да се потпише многу подобар договор со многу подобро решение од она што го имаат сервирано Грците и Зоран Заев.