Во вечерашното гостување „Топ Тема“ на телевизија Телма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека според него најдобро решение за името е да остане името Република Македонија.
Тој изјасни дека 134 држави ја признале Република Македонија под своето уставно име.
-Имам право да сум против тој договор и сакам да го бранам мојот став пред граѓаните зошто сум против договорот. Еве неколку причини поради кои сум против: Почнавме од преамбулата, од повелбата на Обединетите Нации.
Тој потсети дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да преговара за фер, достоинствено решение, потенцирајќи дека оваа решение кое го имаме не е ниту фер, ниту достоинствено.