недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Вести

Мицкоски за КОВИДОТ: Заев не смее да ја префрла својата неспособност на сметка на граѓаните

Мицкоски за КОВИДОТ: Заев не смее да ја префрла својата неспособност на сметка на граѓаните

Шокиран сум повторно кога човекот не може да ја види вината и погрешниот начин на функционирање кај себе и кога ќе се обиде на вака брутално банален начин да ја префрли вината кон граѓаните, а е политичар и премиер, јас сум лично шокиран. Исто така можам да кажам сега дека се чудам како може вака со леснотија да се кажуваат работите кои што се тотално надвор од памет, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дуелот на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија коментирајќи како Заев ја префрлува вината на граѓаните со КОВИД-19.

Мицкоски додаде дека не смее Заев да ја префрла својата неспособност на сметка на граѓаните.

„Замислете луѓе во регионот кои што горе доле имаат сличен менталитет, а вие да водите со 2-3 пати поголема смртност и покрај тоа што можеби луѓето имаат коморболитети разни. Што е поразлично менталитетот на луѓето во Македонија од тој во Албанија, во Косово, во Бугарија, тој во Србија. Што е поразлично“, запраша Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на осми март на социјалните мрежи објави колку е тешка болеста и ги повика граѓаните да се чуваат. А исто така ја примено вакцината против КОВИД-19 од која не правел фестивали како функционерите на власта.

„Претпоставувам бидејќи се следите што правам, најверојатно знаете дека сум бил во салата „Борис Трајковски“ заедно со мојата сопруга на почетокот на септември и еве сега ви кажувам да не се мачите, втората доза ќе ја примам во среда откако добив денеска информација дека треба да ја примам втората доза на Синовак“, појасни Мицкоски.

Коронавирус