понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 21
home Вести

Мицкоски за извештајот на Трансапренси: Каков прав пат, први сме во Европа по корупција, директно во провалија

Мицкоски за извештајот на Трансапренси: Каков прав пат, први сме во Европа по корупција, директно во провалија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање за извештајот на Транспаренси изјави дека први сме во Европа по корупција, а државата вака оди директно во провалија.

Во оваа држава криминалот си има сопствена држава. Проблемот е што одговорните што треба да се справат со тој криминал не сносат никаква одговорност. Нели постоеше „Сваровски судство“, постоеше режим како што они викаа, постоеше криминал ама во 2015-та Македонија на истата оваа скала е 66-та, 40 места повисоко пласирана, денеска кога имаме слобода нели животот дојде, на прав пат сме, се блеска, а денеска сме 106-ти на листата. Бројките се немилосрдни. Сме биле подобри од Бугарија, Грција, Албанија, Босна, Косово, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Коронавирус