понеделник, 1. март 2021. Вести денес: 188
home Вести

Мицкоски за изјавата на Шекеринска: До кога вакви манипулатори ќе ја навредуваат нашата интелигенција? (ВИДЕО)

Мицкоски за изјавата на Шекеринска: До кога вакви манипулатори ќе ја навредуваат нашата интелигенција? (ВИДЕО)

Несериозни луѓе одлучуваат за сериозни работи, реагира преку социјалната мрежа ан Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по скандалозната изјава на Шекеринска околу набавката на вакцините против корона вирус.

Во продолжение интергрално ви ја пренесуваме реакцијата на Мицкоски:

Несериозни луѓе одлучуваат за сериозни работи. До кога вакви манипулатори ќе ја навредуваат нашата интелигенција? Додека тие го тестираат заедничкото трпение, 2800 луѓе починаа од корона.

„Шекеринска: Ние можевме први да набавиме вакцини, но народот ќе си помислеше дека ги тестираме на нив, затоа чекавме до сега да се увериме во нивната безбедност.”, вели во сојата објава Мицкоски.

Коронавирус