среда, 2. декември 2020. Вести денес: 116
Во живо

Блокада на Владата и МНР - „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Вести

Мицкоски за Фактор: Калкулации со позајмувањата нé однесоа во бездна, ни претстои тежок период

Мицкоски за Фактор: Калкулации со позајмувањата нé однесоа во бездна, ни претстои тежок период

Секој работодавач да добие по 50 отсто од бруто трошоците по вработен, а дел од парите од приватните пензиски друштва, државата да ги пренасочи во првиот задолжителен државен столб. Ова е дел од мерките кои како решение на економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19 ја предлага опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски во интервју за Фактор вели дека последиците од оваа ситуација ќе бидат исклучително тешки за македонската економија. Сепак, вели дека сета одговорност е кај креаторите на политиките, кај власта.

-Буџетот пред ова криза беше димензиониран дека ни требаат екстрено финансирање од околу една милијарда. Затоа што треба да се врати буџетскиот дефицит којшто беше и е некаде околу 17 ипол милијарди и другото е за обврски кон заемодаватели, обврзници итн. Ние правевме анализа ако падне прибирањето во буџетот на приходната страна за 30 до 35 проценти. Во моментов за да ние успееме да го одржиме буџетот стабилен ќе ни требаат покрај оние 1 милијарда, најмалку уште 1,2 милјарди. Така што тоа се сериозни пари. А требаше да јануари барем да распишат за интерес за еврообврзница – одлучија да позајмат од домашните банки 150 милиони евра со рочност од една година. Мислеа да ги премостат така изборите и таа беше политиканска логика. Но, тоа е погрешно, сега се виде дека тоа е бездната во којашто потонавме. И сега кој треба да е одговорен, тие што уживаат во политички привилегии и што носат одлуки. Ние сме опозиција, ние можеме да кажаме како не чини, тие треба да сносат одговорност, рече Мицкоски.

Фактор: Вас ве прозиваа во јавноста во однос на вашиот став, кога зборуваме за солидарноста во оваа ситуација, за парите со коишто се финансираат партиите.

Мицкоски: Не е чесно, лицемерно е човекот во чиешто семејство возниот парк е неколку милиони евра, каде што има Мјабах, Бентли, да зборува за солидарност. Нема легитимитет тој човек тоа да го збори, да не ги споменувам сите афери поврзани со неговото име. Не е тоа солидарност, друго е солидарност, не можат тие да зборуваат за солидарност. Ја уништуваат смислата на зборот солидарност. Јас во своето обраќање реков дека доаѓаат тешки времиња да, треба да се намали платата на јавната администрација, да има кратење, за месец март според нашите анализи треба тоа да биде до 10 отсто, а потоа ќе носиме месец за месец одлуки врз основа на информациите со коишто ќе располагаме. Но, тоа не може да биде „урамниловка“, тоа ни во најболшевичките држави не е така. Да, се сложувам дека треба да има определена редукција, но ајде да видиме како да го направиме тоа да биде како што треба.

Но, прва точка на владина седница нека биде именуваните функционери да работат про боно до крајот на нивниот мандат, втора точка веднаш да биде укинување на финансирањето за политичките партии. Еве и ние имаме функционери, сложни се и тие да работат про боно.

 

Коронавирус