петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Мицкоски за Димитров: Често пати сум го приметил како потскокнува околу Груевски

Мицкоски за Димитров: Често пати сум го приметил како потскокнува околу Груевски

Во вечерашниот ТВ ДУЕЛ во емисија Само Вистина на Канал 5, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, праша дали владата на СДСМ и Никола Димитров министерот за надворешни работи, испратиле протесна нота до јужниот сосед кога од грчката страна го приватизирале името „Macedonia The Great“ само во GR., односно како што рече Мицкоски често пати го гледал Димитров како потскокнува околу Груевски.

Господинот како што вие го нарекувате Димитров, кој што патем речено 9 години беше со Груевски, околу него или до него, јас често пати сум го забележувал како потскокнува отколку него, но нејсе, тоа е ваш проблем, ние примивме вербална нота а тоа е најнизок степен на дипломатско протестирање, од страна на нашиот јужен сосед.

Дали господине Заев, вие како тогашен премиер на владата испративте посериозен документ нота кога согласно делот 1, член 1, точка Ж, каде што стои во врска со погоре наведените термини за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци, дали се знае како тоа се регулира и се формира меѓунарoдна експертска група која што ќе ја сочинуваат претставници од двете држави.

Кога нашиот јужен сосед го приватизираше име Macedonia The Great со GR. На ова Заев изјави дека не реагирале, при што Мицкоски му порача дека токму поради ова Македонија се наоѓа на оваа позиција во која што е денеска.

Коронавирус