сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 46
home Вести

Мицкоски за бегството на Игор Спасов: Некој не си ја врши работата во оваа држава, а е скапо платен за тоа

Мицкоски за бегството на Игор Спасов: Некој не си ја врши работата во оваа држава, а е скапо платен за тоа

На новинарско прашање „Дали има политичка заднина зад бегството на Игор Спасот“, претстедателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека некој не си ја врши работата во оваа држава а е скапо платен.

-Јасен е случајот некои луѓе правеа кариера на тој случај ние воопшто не сакаме да третираме и да коментираме случаи кои што практично значат ниски страсти кои што злоупотребуваат човечки судбини  но бидејќи еве ми го поставувате ова прашање јас навистина не знам што да одговорам освен да кажам дека некој не си ја врши работата во оваа држава а е скапо платен, ужива привилегии но набргу доаѓа денот кога ќе пресудат и  ќе досудат граѓаните кој е тој и ќе го пратат во политичка пензија. Ова е уште еден во низата скандали бегството на лицето Спасов посебно имајќи го во предвид случајот дека практично сите оние протести од страна на СДСМ кога беше опозиција започнаа од овој случај некои луѓе градеа кариера знаете за оние ракувања кога сегашниот претседател на владата господинот Зоран Заев и прегрнувања во затвор со ова лице еве денеска тоа лице за жал не е достапно до органите на прогонот односно претпоставуваме дека или ја напуштило Македонија или некаде се крие но важно не е достапно до органите на прогонот.

Коронавирус