понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 146
home Вести

Мицкоски: За 4 дена најголема криза со корона вирусот потрошиле 8 милиони денари за патување, репрезентации и ручеци

Мицкоски: За 4 дена најголема криза со корона вирусот потрошиле 8 милиони денари за патување, репрезентации и ручеци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на Македонската радио телевизија посочи дека додека власта бара кратење на платите на државната и јавната администрација, истите за само 4 дена потрошила дури 8 милиони денари за патувања, репрезентации и ручеци во најголемата криза со корона вирусот.

-Од една страна трошат 8 милиони денари за 4 дена, помеѓу 17 и 20 март за репрезентации и за патувања во странство, а од друга страна ни велат ќе покриваме аражмани на туристички агенции и ќе кратиме плати во администрацијата, на што личи тоа? Зар они мислат дека за овие две недели од што не се симнуваат од прес конференции народот ќе им ги заборави овие три години. Нека не се лажат, дециден е Мицкоски.