четврток, 16. јули 2020. Вести денес: 164
home Вести

Мицкоски: Времето на вредните и честити Македонци допрва доаѓа

Мицкоски: Времето на вредните и честити Македонци допрва доаѓа

Нашата борба штотуку почна, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестен марш во Скопје.

За власта рече дека за она што го направија ќе завршат на буништето на историјата.

Мицкоски вели дека добиваат поддршка од граѓаните.

-Да ја заборавиме книгата на едно време, да отвориме нова книга, книга која што ќе нѐ води кон просперитет, изјави Мицкоски.

Порача дека немаме резервна татковината.

-Ниту еден процес не е еднонасочен, нашето време доаѓа. Времето на вредните и честити Македонци допрва доаѓа, вели тој.

Мицкоски кажа дека нема да се повлечат. Oбвини дека јавниот долг на државата е 40% од БДП. Граѓаните извикуваа „оставка“.

Парламентарни избори 2020