среда, 28. јули 2021. Вести денес: 138
home Вести

Мицкоски: Во здравството загубите се плаќаат со човечки животи, образованието е на колена, во земјоделието состојбата е драматична

Мицкоски: Во здравството загубите се плаќаат со човечки животи, образованието е на колена, во земјоделието состојбата е драматична

Поминуваат 100 дена од старо новата влада. Овие 100 дена се продолжение на низата која трае 4 долги години на промашувања, криминал и силни неуспеси. Затоа велам дека не се 100 дена туку повеќе од 4 загубени години од кои последните 100 дена се вистинско фијаско, истакна денес Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Порача дека во здравството загубите се плаќаат со човечки животи.

  • внимавајте за 100 дена повеќе од 1400 наши сограѓани ги загубија животите поради КОВИД пандемијата и неспособното менаџирање со здравствениот систем. Недозволиво висока стапка на смртност. И точно е дека поради корона кризата секаде состојбата е лоша, но овде смртноста е извонредно висока, државава е 7ма во Светот по степенот на смртност на милион животи, а тоа е така поради неорганизираноста на здравствениот систем, неспособните Филипче и Заев.
  • Се јави голем недостиг за обучен медицински кадар. Во исто време пријавени се во заводот за вработување околу 3000 невработени здравствени работници.
  • Поради ненавремено обезбедена и несоодветна лична заштитна опрема резултираше е бројка од околу 1800-2000 заразени здравствени работници и десетина починати.
  • Социјалните мрежи станаа арена за барање на помош и донации со кои се спасуваат животи поради тоа што државното здравство е пред крах.
  • За Клинички Центар не треба да трошиме зборови, ни трага, ни глас од ветениот Клинички центар, а еве поминаа 4 години.
  • Груба и брутална лага е дека лекарите земаат 100.000 денари плата. Капитацијата на матичните лекари не е покачена иако тоа е она кое што тие го ветуваа. Тие не се помогнати ниту во Ковид пандемијата.
  • Дежурства на специјализантите не се платени, приватните специјализанти немаат ниту здравствено осигурување.

Во земјоделието состојбата е драматична, рече Мицкоски.

  • Цената на тутунот е на најниско ниво во последните петнаесетина години. Килограм тутун вреди колку кутија цигари, додека Владата на Заев дозволи увоз на тутунот. Последните денови гледаме дека оризопроизводителите се буквално во агонија поради историски најниската откупна цена за оризопроизводителите.
  • Во овие сто дена лозарите го фрлаа грозјето по нивите затоа што исто беа измамени од владата.
  • Во овие сто дена немаше ниту субвенции за житните и градинарски култури, без субвенции останаа и оние со лозов и овошен насад.
  • Акумулациите, езерата се целосно испразнети. Еколошка катастрофа буквално во секој поглед. Природните и вештачките езера се на биолошкиот минимум а власта од таквото празнење прави бизнис.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека образованието е на колена. Експериментите во изминатите 100 дена го земаа својот данок.

  • Доцнеше стартот на учебната година. Еден месец нашите ученици не можеа да ја следат наставата. Зошто? Затоа што властите во образованието се правдаа дека го подготвувале софтверот со кој што ќе се следи образованието.
  • Наставниците не добија навремена професионална обука.
  • Денес над 10.000 ученици следат опциона настава, односно настава на телевизија и со печатени материјали и при тоа за нивниот напредок не е можна реална контрола на постигнувањата.
  • Се прекршуваат мерките за претпазливост и борба против КОВИД 19 пандемијата со тоа што не се пријавуваат и вешто се прикриваат заразени наставници и ученици.
  • Во овие 100 дена влада единствено нешто што остана во образовниот процес се оние би рекол грантови кои што ги делеше Лидија Димова за тренирање на магарињата.

Коронавирус