четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Мицкоски: Во здравството во наследство остануваат матните тендери и неостварените ветувања за нов Клинички центар

Мицкоски: Во здравството во наследство остануваат матните тендери и неостварените ветувања за нов Клинички центар

Тоа беше прв предлог кој што беше даден од ВМРО-ДПМНЕ за жал тогаш не беше прифатен. Сега пред избори мислат дека на тој начин ќе ја добијат симпатијата од страна на граѓаните, од страна на лекарите, на медицинскиот персонал. Но, мислам дека луѓето не само што се чувствуваат измамени, не само што се чувствуваат разочарани туку апсолутно никакво милосрдие од страна на Зоран Заев и оваа гарнитура на тие луѓе не им е потребана, тука на нив им е потребна стратегија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот ТВ дуел на Македонската телевизија.

Мицкоски посочи дека власта на СДСМ го поништила тендерот за изградба на клинички центар, ветувајќи дека ќе го изгради во друга скопска населба, укажувајќи дека наследство во здравството оставија само матни тендери односно како што рече тој „zuti24@yahoo“ тендери и криминал.

-Вие се сеќавате кога дојде оваа влада иако ги изгуби парламентарните избори, но ете беше избрана на начин како што беше избрана, беше поништен тендер за изградба на клинички центар. Потоа, велеа дека ќе го изградат тој клинички центар во една скопска населба, па не таму, па во друга скопска населба. Па тука беа оние и криминал. Ете тоа е од прилика она наследство кое ќе  го остави СДСМ и Зоран Заев во здравството.

Мицкоски подвлече дека на лекарите и медицинскиот персонал им е потребно услови и стратегија за развивање на здравството и здравствениот систем.

-На нашите лекари на нашиот медицински персонал му се потребни услови. Потребно е стратегија како ќе се развива здравството, истакна Мицкоски.

Коронавирус