среда, 30. септември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Мицкоски: Во ваква форма ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за спречување корупција

Мицкоски: Во ваква форма ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за спречување корупција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со Законот за спречување корупција денес истакна дека нивните забелешки се принципиелни и биле изложени на работната група во рамки на Собранието и изрази надеж дека СДСМ ќе се повлече од најавата за негово повторно ставање во собраниска процедура но со европско знаменце.

-Овој закон е исклучително важен и треба да ја добие поддршката од сите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ е на располагање. Имаме аргументи кои се во согласност со ГРЕКО и со меѓународното право и подготвени сме да ги аргументираме каде било, кога било и со кого било од нашиот политички противник…Основен принцип на овој закон е формирање нов чадор што би служел во подоцна фаза за притисок врз политичките неистомисленици, рече Мицкоски подвлекувајќи дека во ваква форма нема да го поддржат законот.

Коронавирус