недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 67
home Вести

Мицкоски во Унгарија пречекан со сите високи почести- го запозна Орбан со нивото на корупција и сомнежи за криминал на македонската влада

Мицкоски во Унгарија пречекан со сите високи почести- го запозна Орбан со нивото на корупција и сомнежи за криминал на македонската влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера беше во работна посета на Унгарија каде беше пречекан како иден премиер на Република Македонија.

Средбата  со премиерот Орбан која беше на државно ниво и со официјален пречек се случи во неговата официјална резиденција во замокот „Кармелита” каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со Премиери, Претседатели и други високи гости.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија.

Оваа средба помеѓу Орбан и Мицкоски е само порака за градење на цврсто пријателство со унгарскиот премиер кој моментално е највлијателен и еден од премиерите на Европската Унија со најголема поддршка од граѓаните.

Оваа средба е само доказ дека и Европската Унија подготвува смена на власта во Македонија.

Освен на оваа, но и на сите средби со европските политичари тие се зачудени од нивото на корупција и сомнежи за криминалот на македонската влада.

Во тој контекст Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кој се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.

-И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции, подвлече Мицкоски.

-Недостатокот на владеење на правото го следат и лоши економски резултати. Наспроти нереалните фалби на Владата и премиерот, граѓаните не живеат подобро а сиромаштијата и иселувањето стануваат актуни проблеми, изјави Мицкоски.

На средбата стана збор и за песпективите за меѓусебна соработка особено во пресрет на Конгресот на Европската Народна Партија каде ВМРО-ДПМНЕ и партијата на премиерот Орбан се сестрински партии членки.

Мицкоски истакна дека е за развој на меѓусебната соработка и афирмација на стратешките цели на Република Македонија.

Коронавирус