вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Мицкоски во Унгарија пречекан со највисоки државни почести

ФОТО: Мицкоски во Унгарија пречекан со највисоки државни почести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот г. Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Премиерот на Република Унгарија г.Виктор Обран.

Средбата со премиерот Орбан која беше на државно ниво и со официјален пречек се случи во неговата официјална резиденција во замокот “Кармелита” каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со Премиери, Претседатели и други високи гости.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија.

Мицкоски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев.