недела, 19. септември 2021. Вести денес: 65
home Вести

Мицкоски во Ташмаруништа, Мисајловски во Скопје, Николоски во Крушево, ВМРО-ДПМНЕ вака ќе го одбележи денешниот празник

Мицкоски во Ташмаруништа, Мисајловски во Скопје, Николоски во Крушево, ВМРО-ДПМНЕ вака ќе го одбележи денешниот празник

По повод државниот празник 2-ри Август – Илинден, делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски ќе биде присутна во с. Ташмаруништа (Струга) почнувајќи од 11:00 часот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе одржи говор на настанот.

 

Дополнително, делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе и на следните места:

• Делегација предводена од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ќе присуствува во Крушево, при што во 11:30 часот ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев (комплекс „Македониум“), во 12:15 часот ќе положи цвеќе на споменикот на месноста „Слива“ и во 13:15 часот ќе биде дадена изјава за медиуми на месноста Мечкин Камен.

• Делегација предводена од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски ќе учествува во одбележувањето во Скопје.

• Делегацијата предводена од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар „АСНОМ“, Пелинце.

Коронавирус