недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во Таринци, општина Карбинци: Власта го разочара народот, ќе ја вратиме надежта во Македонија

Мицкоски во Таринци, општина Карбинци: Власта го разочара народот, ќе ја вратиме надежта во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со членовите на ИК Иванка Василевска и Влатко Ѓорчев вечерва беше во посета на Таринци, општина Карбинци.

Во своето обраќање Мицкоски истакна дека Владата на Заев и СДСМ целосно потфрли и дека граѓаните со право се разочарани, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува сериозна програма која ќе има голем број на конкретни проекти со која ќе се врати надежта во Македонија.

Мицкоски ги повика граѓаните да имаат верба во Македонија и дека оваа генерација треба да го продолжи патот на македонскиот континуитет.

На крајот, Мицкоски им посака на присутните среќни празници, со желби за радост, здравје и успех во семејствата.

Воедно, на новогодишниот коктел на ОК Карбинци беа присутни пратеникот Јохан Тарчуловски и претседателот на ОК Штип Иван Јорданов.