понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски: Во среда секој кој ќе заокружи за СДСМ закружува за уништување на Македонија и со тоа да живее

Мицкоски: Во среда секој кој ќе заокружи за СДСМ закружува за уништување на Македонија и со тоа да живее

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати од Општина Карбинци на граѓаните и потенцираше дека ова се избори во кои одлучуваме во каква иднина сакаме да живееме.

-Во каква држава сакаме нашите потомци да растат, живеат, создаваат семејство. Во исто време да ги направиме горди нашите предци кои го дале животот за Македонија. Вистината понекогаш боли но секогаш е подобро да се слушне вистината. Македонија е опљачкана понижена полна со криминал, корупција, истрошени политичари, таа е нашата реалност. за да се случи промена треба сите ние на 15 јули да излеземе масовно од рано наутро, излезете и заокружете број 14. На 16 почнуваме со работа, ќе биде тешко но што во животот е лесно. Покрај сите предизвици кои го ослабнаа нашиот систем, покрај се што ни се случуваше изминатите месеци поради пандемијата, ние сме решителни и одлучни имаме цел и  идеа заедно со вас да победиме и на напишеме историја. Македонија која ќе биде најуспешна на Балканот Македонија за која со гордост ќе збориме, истакна тој.

Мицкоски посочи дека во среда секој кој ќе заокружи за СДСМ закружува за уништување на Македонија и со тоа да живее.

-СДСМ секогаш управува на ист начин, прво предизборна лага со раката на срце, за волја на вистината 18 години нема победено на парламентарни избори така ќе биде и сега и ќе додадеме 4 и ќе бидат 22. доколку по некоја случајност добијат можност да управуваат тогаш следи национално предавство, па третиот чекор пљачка и криминал, па после заробено судство и со некоја трас трас одлука да се амнестираат. пред 25 години СДСМ ветуваше подобра иднина, Европа, а се откажаа од нашето државно знаме, го додадоа она привремено име. На нашите родители им беше тешко затоа што беа прогласени за технолошки вишок и се плашевте како да се помине месецот. Се сеќавате на аферата ТАТ кога се изнесоа милиони марки. Втората генерација на СДСМ ја донесе онаа срамна територијална прераспределба, и наши сограѓани станаа гости во својот дом. А криминалот царуваше и изби афера за тенковски делови, се пљачкаа милиони. за оваа третата не сакам да зборувам. целиот криминал е спакувана во Луј Витон чанта. Ако случајно дојде пак СДСМ на власт тогаш на масата ќе биде Македонија, прво федерализација, а втор чекор целосно уништување. Да не биде ова само во главата на вмровците, така беше во 2016 тогаш не обвинуваа дека Тиранската платформа и промената на уставот била само во главата на Вмровците. Ама тоа се случи. Во среда секој кој ќе заокружи за СДСМ закружува за уништување на Македонија и со тоа да живее. Со гласање за Љупче, слугата на Заев се гласа за уништување на Македонија. Но јас сум убеден дека разумот ќе преовладее и ќе победиме со два спрема еден, а потоа од 16 одговорност за се што правеа овие три години, истакна Мицкоски.

-Ние збориме за чест и патриотизам, љубов кон татковината почит кон сограѓаните. Тоа е во секој од нас. Да ја вратиме Македонија за која сите сонуваме. Имаме проект со 1000 проекти, јас сакам уште 1000 да може да направиме, но чуда не ветуваме. Сакам повторно во очи да ве погледнам и да ви кажам дека тоа што ветивме тоа го направивме. Навистина знаеме и можеме до 25 проценти поголема плата, 20 проценти повисоки пензии, и враќање на старото законско решение кога пензијата двапати годишно растеше. Како да дојдеме до пристојни услови за живот. Најнизок данок во Европа од 8 проценти. Нула проценти за вработување на млади до 29 години, кажа Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски порача дека доаѓаат подобри времиња. На 15 јули излезете за Обнова на Македонија, заокружете број 14 пред името на Игор Јанушев.

Коронавирус