понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски во Штип, носителите на листи на средби со граѓаните

Мицкоски во Штип, носителите на листи на средби со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНе Христијан Мицкоски и носителите на листи денеска ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во 13:00 часот ќе оствари средба со бизнис секторот, локација хотел Оаза, Штип. Во 14:15 часот е предвидено изјава за медиуми пред хотел Оаза, Штип.

Во 14:30 часот ќе оствари средба со просветни работници во паркот пред поранешен Ректорат.

Во 17:00 часот ќе оствари средба со жителите на општина Карбинци. Во 18:30 часот ќе оствари средба со жителите на општина Пробиштип.

Во 20:30 часот ќе оствари средба со жителите на општина Штип.

Носител на ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова во 11:00 часот ќе присуствува на потпишување на Меморандум за разбирање и соработка со Анима Мунди – Здружение за заштита на животни, локација Бруклински, Дебар Маало.

Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски ќе даде изјава за медиуми во 13:15 часот на плоштадот во центарот на општина Куманово.

Носител на ИЕ3, Игор Јанушев, во 10:00 часот ќе присуствува на трибина со доктор Сашко Кедев во паркот под болницата Пролече, во Штип.

Во 12:00 часот ќе присуствува на трибина заедно со Зоран Љутков, претседател на култура и Ганка Самоилова, локација Паркче пред Домот на културата, кај Музејот на холокаустот.

Во 14:30 часот средба со просветни работници заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во 17:00 часот ќе оствари средба со жителите на општина Карбинци. Во 18:30 часот ќе оствари средба со жителите на општина Пробиштип.

Носител на ИЕ 4, Александар Николоски, во 12:00 часот ќе оствари средба со граѓаните на општина Росоман, во 20:30 часот ќе оствари средба со граѓаните на с. Муртино, општина Струмица.

Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во 10:30 часот ќе даде изјава за медиуми пред Русино, општина Гостивар.

Коронавирус