среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 50
home Вести

Мицкоски: Во СДСМ функционира штаб за правење на кризи, во ВМРО-ДПМНЕ за правење на програма- ќе се бориме за повеќе за секого

Мицкоски: Во СДСМ функционира штаб за правење на кризи, во ВМРО-ДПМНЕ за правење на програма- ќе се бориме за повеќе за секого

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Струмица оствари средба со здравствените работници.

-Денес во Струмица имав средба со здравствените работници. И додека во СДСМ функционира штаб за правење на кризи, во ВМРО-ДПМНЕ функционира штаб за правење на програма. А тоа е нашиот пат зошто имаме одговорност да понудуме решенија и предлози за подобар живот. Ќе се бориме за повеќе за секого, за докторите, за медицинскиот персонал, за просветните работници, за земјоделците, пензионерите. Предвидуваме за 25% повисоки просечни плати во еден мандат, невработеност под 10 % или едноцифрена невработеност, зголемување на пензиите за 20%, и пониски трошоци за сите преку пониски даноци. Најнизок рамен данок во светски рамки од 10 на 8%, напиша Мицкоски на Фeјсбук и додаде:

„Нашата борба е со дела, нивната со криза, нашата е со чесност, нивната со крадење. На 12 април Македонија одлучува, а знам дека Македонија ќе одбере повеќе за секого, зошто само така Македонија ќе победи. Обновата доаѓа!“.

Коронавирус