сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 79
home Вести

Мицкоски во Радовиш: Секое семејство оваа Влада го задолжи по 1.200 евра за само дваипол месеци

Мицкоски во Радовиш: Секое семејство оваа Влада го задолжи по 1.200 евра за само дваипол месеци

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва оствари средба со граѓаните од Радовиш.

-Вистинската слика која ја живеат мнозинството граѓани е: уништена и руинирана економија, политики со кои се атакува врз достоинството на граѓаните, јад и мака насекаде. Секое семејство оваа Влада го задолжи по 1 200 евра за само дваипол месеци, се намалува БДП, и не се задолжуваат за да создадат раст, за да го вратат ова задолжување, се задолжуваат да ги платат неспособните политики кои ги спроведуваат. На Македонското стопанство му се случува патент цунами економија, патент Заев Тевдовски, Анѓушев, тоа е тројката која го носи економското цунами во Македонија поради кој граѓаните осиромашуваат се повеќе. Затоа потребни се промени кои ќе донесат подобро. Ако не знаат, а гледаме дека не знаат, ние знаеме како и ќе ја извлечеме државата од оваа бездна во која ја втурнуваат, напиша Мицкоски.

 

 

Коронавирус