сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Во првите три месеци годинава се случи масовен грабеж од 120 милиони евра или секое семејство го задолжија за 15 000 денари

Мицкоски: Во првите три месеци годинава се случи масовен грабеж од 120 милиони евра или секое семејство го задолжија за 15 000 денари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за буџетскиот дефицит односно посочи дека владата на СДСМ потрошила повеќе отколку што собрала пари во буџетот. Според Мицкоски владата на СДСМ го задолжила секое семејство за дополнителни 15 000 денари и извршила масовен грабеж.

-Буџетскиот дефицит како збор значи дека владата потрошила повеќе отколку што собрала. Во првите три месеци од годината се случил масовен грабеж односно во првиот квартал во 2020 и практично секое семејство во Македонија е задолжено за само тие три месеци со дополнителни 15 000 денари. Ако направите анализа во годините наназад ќе дојдете до заклучок на она што го зборував јас дека 120 милиони евра се точно 43 проценти од планираниот буџетски дефицит на оваа влада во текот на целата 2020 година. За да видите што направиле они ќе влезете во интернет страницата на министерството за финансии и ќе го видите практично полнењето на буџетот како тој се полни и како тој се празни и ќе заклучите дека ова што јас го зборувам е бројка и е непобитен факт, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека тоа исто се правело и во 2019 година бидејќи имаше претседателски избори и буџетскиот дефицит е 17% од планираниот во 2019, а истото е направено и во 2017 бидејќи тогаш СДСМ спроведе насилен референдум.

Коронавирус