петок, 30. септември 2022. Вести денес: 141
home Вести

Мицкоски во посета на САД

Мицкоски во посета на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со партиска делегација во која се Влатко Ѓорчев, Тимчо Муцунски и Слободанка Алексовска ќе остварат неколкудневна работна посета на Вашингтон САД.

Во текот на посетата претседателот Мицкоски ќе реализира повеќе средби со претставници на Белата Куќа, Стејт Департмент и членови на Претставничкиот дом и Сенатот.

Од партијата соопштуваат дека Мицкоски ќе се обрати и на Безбедносниот форум организиран од членови на американскиот Сенат, а воедно ќе присуствува на Молитвениот појадок кој се одржува под покровителство на Претседателот на САД Доналд Трамп.

-Предвидена е и реализација на средби со претставници на македонската дијаспора во САД. Престојот во Соединетите Американски држави ќе се искористи за остварување на меѓународни контакти, зацврстување на односите на ВМРО-ДПМНЕ и лобирање за државните и национални интереси на Република Македонија. По скорешните посети на Брисел, и Будимпешта, престојот во Вашингтон преставува продолжување на интензивната меѓународна активност на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус