петок, 14. август 2020. Вести денес: 6
home Вести

Мицкоски во посета на неколку скопски општини, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓани

Мицкоски во посета на неколку скопски општини, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓани

Претседателот на ВМРО-ДПМНе Христијан Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Шуто Оризари 15:00, општина Сопиште во 17:00 часот, општина Бутел во 18:30 часот, општина Карпош 20:30 часот.

– Носител на ИЕ1, Гордана Силјаноска Давкова ќе ја посети општина Сопиште во 17:00 часот, а во 20:30 часот ќе ја посети општина Карпош.

-Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски, ќе ја посети општина Шуто Оризари 15:00 и општина Бутел во 18:30 часот.

-Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев, ќе ја посети општина Македонска Каменица и пред пазарот во 09:45 е предвидена изјава за медиуми. Во 18:30 ќе го посети ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево при што е предвидено и изјава за медиуми.

Во 19:30 часот ќе оствари средба со граѓани од Месен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ново Делчево при што ќе има и свое обраќање.

Носител на ИЕ 4, Александар Николоски, ќе ја посети општина Гевгелија. Во 17:45 часот предвидена е изјава за медиуми на Конска Брана. Во 19:30 часот ќе оствари средба со граѓани од Месен Комитет 6 Гевгелија. Во 21:30 часот ќе оствари средба со граѓани од Миравци.

Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во 11:00 часот во општина Гостивар ќе оствари кафе дружба со учесниците на Маршот „Обновата победува“ во „Бејби Блу“, при што е предвидена и изјава за медиуми. Во 17:30 часот во општина Брвеница, населено место Блаце ќе оствари средба со граѓани при што од крајот на средбата ќе даде изјава за медиуми.

Коронавирус