петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 76
home Вести

Мицкоски во Париз на средба во Француската стопанска комора, Медеф Интернационал

Мицкоски во Париз на средба во Француската стопанска комора, Медеф Интернационал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес во Париз, Република Франција заедно со потпретседателот Александар Николоски, и Игор Николов оствари посета на Француската стопанска комора, Медеф Интернационал, каде членуваат едни од најголемите Француски бизнис компании со работа распространета во повеќе од 150 земји во Светот, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата претседателот Мицкоски посочил дека новата Влада која ќе следи по изборите на 12-ти април ќе биде заинтересирана за силна и продлабочена бизнис соработка и искористување на потенцијалите на Македонија во однос на странските компании кои ќе бидат насочени кон реализација на капитални инвестиции.

-Фокус на новата Влада ќе биде отворање на добро платени нови работни места, но и развој на енергетски и технолошки проекти кои ќе обезбедат модернизација на економијата и општеството, потенцираше Мицкоски.

На средбата станало збор за неколку конкретни проекти кои беа предмет на интерес на Француските компании. Мицкоски посочи дека следува период на промени во Македонија и воспоставување одржлив систем на владеење со правото кој ќе гарантира сигурност на бизнис заедницата. Наш интерес е Македонија да ја претвориме во технолошки тигар на Балканот, преку процес на реформи кои ќе донесат економски бум, новата влада ќе работи за економски прогрес на сите граѓани, истакна на средбата претседателот Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус