недела, 7. март 2021. Вести денес: 55
home Вести

Мицкоски: Во образованието од власта создадоа политичко мочуриште каде експериментираат

Мицкоски: Во образованието од власта создадоа политичко мочуриште каде експериментираат

„Ние немаме веќе дуално образование, ние не знаеме дали имаме за 10 години од денеска ќе имаме еден заварувач кој што знае како да заварува. И како ќе ги создадеме тие луѓе. Дали вие денеска сте слушнале за реформата во високото образование? Дали некој ја спомнал Шангајската листа? Дали некој спомнал за трудови со фактор на влијание, професори кои што добиле некој меѓународно признание за некој пронајдок, за нешто револуционерно? Апсолутно, се случува едно образовно мочуриште во кое што ние полека, полека тонеме, пропаѓаме“, нагласи Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во „Неделен брифинг“.

Мицкоски додаде дека денес не се зборува за првите 1.000 на Шангајска листа, ниту за другите 2.000 на истата листа.

„Ние денеска не зборуваме за лаборатории, не зборуваме за наставни помагала, не зборуваме буквално за никакви реформи. Ова денеска што се обидуваат да ни го претстават како реформа во основното образование е политички потег. За да се ублажи процесот на преговори со нашиот источен сосед. Но, и тоа не е доволно излезе Каракачанов и им рече ако мислите дека вие предметот историја ќе го избришете од наставната програма и дека тоа ќе биде олеснување во процес на преговори, се лажете“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека образованието во Македонија со СДСМ секојдневно тоне.

Коронавирус