недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Во Македонија се е црно, а тие црнила ги донесе Владата, доаѓа нова зора која мора да ги победи црнилата

Мицкоски: Во Македонија се е црно, а тие црнила ги донесе Владата, доаѓа нова зора која мора да ги победи црнилата

Пред повеќе од шест месеци, овде на платото пред Владата на Република Македонија на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ излезе масовно да му каже на Зоран Заев „НЕ“, немој да го правиш Зоране тоа што си го наумил. Покажавме дека сме живи, дека не има и дека повторно ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидат победничката политичка сила во Македонија, истакна од пред Владата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш.

Мицкоски посочи дека денес црнилата во Македонија се во кулминација, а ова е нивниот пат кон уривање на оваа, како што рече, хунта наречена СДСМ.

-Црнила ширум Македонија и ќе ми речат. Зарем освен овие црнила што ни се случуваат, има нешто со што можеме да се пофалиме и да речеме дека оваа ненародна влада на СДСМ со криминални гени предводена од аболиран политичар може нешто да направи за нашата татковина? , рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека стотици граѓани ширум Македонија, без оглед дали се пред Владата или ширум плоштадите, знае дека ја даваат поддршката и дека се многу.

-Ќе не има уште повеќе се додека не им го видиме тилот како заминуваат од таму. Ја посипаа земјата со црнила, а народот го оковаа со омраза со љубомора, завист. Тоа е она на кое тие се подготвени, наместо да владеат со проекти и реформи, владеат со страв и притисоци. Не смееме тоа да им го дозволиме. Овој народ тоа не го дозволува и овој народ ќе му каже „НЕ“ на Зоран Заев и СДСМ. Ветуваа живот дека ќе донесат, а донесоа црнила, чемер и јад во домовите на нашите сограѓаните. Ништо не се мрда. Национално не омаловажија. Ни го уништија достоинството, го убија Македонецот во Македонецот, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус