среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 86
home Вести

Мицкоски: Во Македонија мора да се гарантира владеење на правото, владеење на институциите и независност на судството

Мицкоски: Во Македонија мора да се гарантира владеење на правото, владеење на институциите и независност на судството

Нема тука пониско или повисоко, тука има ниво на одговорност која што мора да гарантира владеење на правото, владеење на институциите и независност на судството и тоа е она што е неопходно за Република Македонија, ова во интервју за телевизија Ирис го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Независноста е потребна за да не можеме повеќе да слушаме како се претскажуваат судски пресуди, како членови на владата се закануваат новинари, впрочем на тој начин ја деградираат целата фела и Македонија мора да биде општество во кое ќе постои институцијата одговорност и секоја грешка кој ќе ја направи мора да сноси последици и тука не постојат помала или поголема одговорност. И се додека во Македонија постој импровизирање, односно релативизирање на одговорноста тогаш ќе ви се случуваат вакви претскажувања какви што ние бевме сведоци во изминатите денови кога претседателот на владата умешно ги претскажа неколкуте судски пресуди кои што следеа во изминатиот период, потенцира Мицкоски.

Тој додава дека оваа генерација на политичари на ВМРО-ДПМНЕ креира програма со која што ќе излезе со граѓаните и пред нив ќе ја гарантира целокупната оваа ситуација која и ќе гарантира отчетност, независност на институциите, судството и на тој начин ќе обезбедат граѓаните да бидат граѓани од прв ред.

-Во моментов има само еден граѓанин од прв ред, а тоа е Зоран Заев кој може да преткажува судски одлуки, вели Мицкоски.

Инаку претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани оваа сабота на 2 јуни да дојдат на протестниот собир пред Владата на Република Македонија.