понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 102
home Вести

Мицкоски: Во Македонија мафијата станува држава и го штити својот криминал и затоа – излегуваме на улица да им кажеме дека е доста

Мицкоски: Во Македонија мафијата станува држава и го штити својот криминал и затоа – излегуваме на улица да им кажеме дека е доста

Македонија е предводена од анационална власт која тргува со нашето достоинство, држава во која невини лежат во затвор само затоа што ја сакаат Македонија, бидејќи на властодржците Македонија им е трн во око. Во Македонија под водство на оваа власт крвнички се претепуваат неистомисленици, судските пресуди ги диктира Заев, обвинителството се занимава само со опозицијата која критикува, а преспива на очигледните криминали на власта, врши прогон на медиуми и затвора новинари, стои во Фејсбук статусот на лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Македонија, исто така е држава во која за убиство во сообраќајка се добива само условна казна и се затвора мајка на мало дете затоа што легално набавила автомобил за потребите на државата, автомобил од кој не слезе Зоран Заев, а се затвора само затоа што е поранешен функционер на ВМРО – ДПМНЕ, пишува тој.

Мицкоски потенцира дека во Македонија мафијата станува држава и го штити својот криминал.

-Затоа – излегуваме на улица да им кажеме дека е доста!, истакнува тој.

Коронавирус