среда, 14. април 2021. Вести денес: 132
home Вести

Мицкоски: Во која друга држава партиски војници спроведуваат државен попис? Стоп за овој фалсификат попис!

Мицкоски: Во која друга држава партиски војници спроведуваат државен попис? Стоп за овој фалсификат попис!

Во која друга држава партиски војници спроведуваат државен попис?, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по скандалот на СДСМ, кој меѓу своите сопартијци бара државни попишувачи.

-Најдобар доказ дека не е статистичка, туку политичка операција пописот. Партиски оглас за државни попишувачи. Срам и беда. Од месечината се гледа дека овој попис на власта е фалсификат. Затоа, стоп за овој фалсификат попис!, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Инаку, на социјалните мрежи, на профилите на СДСМ, се споделува оглас во кој се бараат реонски попишувачи и инструктори.

Тоа значи дека оваа Влада организира попис кој ќе биде спроведен од членови на СДСМ кои работат за интересите на Зоран Заев и ќе ги спроведуваат неговите насоки.

Коронавирус