недела, 27. септември 2020. Вести денес: 63
home Вести

Мицкоски: Во јануари Владата подготвува еврообврзница од половина милијарда евра, огромно задолжување!

Мицкоски: Во јануари Владата подготвува еврообврзница од половина милијарда евра, огромно задолжување!

Наместо да инвестира во капитални инвестиции, Заев тие пари ги пренасочува во непродуктивни трошоци и позајмува пари па вели ќе ги покачува пензиите и платите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Во ред, супер, ние сме за тоа. Среќа негова и среќа на Македонија што во април ќе дојде Влада која ќе знае како да го врати тоа без да почувствуваат граѓаните. Инаку ако оставевме на него, до јуни месец, којзнае што ќе се случеше, истакна тој.

Мицкоски обелодени дека Владата подготвува еврообврзница од половина милијарда евра.

-Еве сега слушам некои обврзници ќе објавувале во јануари, половина милијарда се споменува. Апсолутно нè води кон грчко должничко сценарио, истакна Мицкоски.

Коронавирус