среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

Мицкоски во Горно Лисиче: ВМРО-ДПМНЕ има план, работи на програма која ќе биде најдобрата и најпрецизно подготвена досега

Мицкоски во Горно Лисиче: ВМРО-ДПМНЕ има план, работи на програма која ќе биде најдобрата и најпрецизно подготвена досега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Горно Лисиче каде оствари средба со граѓаните.

-Сите до еден ја споделуваат истата грижа и мака, велат државата оди во ќорсокак, а беспарицата станува секојдневие. Имаме само еден процент на реализација на капиталните инвестиции во првиот месец годинава и државни депозити помали за 214 милиони евра во текот на нивниот мандат, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Мицкоски потенцира дека ова значи дека Владата се задолжува, троши, а не креира вредност, не создава развој на економијата.

-Ништо не се работи, а подобриот живот не е приоритет за Владата, додека нивната криминогеност доаѓа на преден план секој ден. Најавуваат реконструкција, небаре овие кој што до сега беа завршија некаква работа, од лошо полошо. Алтернативата е оваа Влада да си замине, ВМРО-ДПМНЕ има план, работи на програма која ќе биде најдобрата и најпрецизно подготвена програма досега, со конкретни и квалитетни решенија за реалниот човек. Македонија има надеж, Македонија заслужува подобро, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус