петок, 29. јули 2022. Вести денес: 16
home Вести

Мицкоски: Во Гази Баба се реализира тоа што е ветено, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажаа разлика

Мицкоски: Во Гази Баба се реализира тоа што е ветено, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажаа разлика

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Црешево истакна дека проектите мора да се реализираат, тоа што е ветено мора да се испорача порано или подоцна.

-Не смееме да останеме само на зборови, мора да има и дела, за да граѓаните ја забележат разликата дека не се сите исти и дека едните крадат, а другите градат. И тоа е многу важно, дека овие од СДСМ и ДУИ крадат, а дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ градат. И тоа е многу важна разлика затоа што не чекаат предвремени парламентарни избори и мораме ние на граѓаните да им кажеме дека најтешкото и најлошото време за Македонија завршува со последниот ден во владата на оваа коалиција, и дека добрите времиња и најдобрите денови допрва доаѓаат, нагласи Мицкоски.

Како што истакна имаат исклучително мотивиран и амбициозен тим кој што работи многу посветено, чесно.

-Нормално во согласно со законите и уставот на Македонија што е многу важно, затоа што денеска гледаме дека имаме работа со криминалци во политиката, имаме работа со корумпирани политичари, компромитирани политичари, кои што работат се, само не во интерес на граѓаните, туку на штета на граѓаните и државата. Имаме исклучителен тим и тим кој што понатаму ќе ги раководи не само општините, туку и институциите во Македонија, со многу реформи и успеси и Македонија да биде навистина еден промотор на реформите и политиките кои што ќе носат просперитет во регионот, а не како што сме сега на дното и да сме први само по една работа, а тоа е според перцепцијата за криминалот и корупцијата во државата. Така што продолжуваме да работиме и во текот на летото и покрај тоа што надвор е исклучително топло, мотивот е над сето тоа, ќе продолжиме да работиме и да го реализираме она кое што е ветено, нагласи Мицкоски.

Коронавирус