вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 125
home Вести

Мицкоски: Во ЕУ се лиферувани лажни вести дека користиме притисоци и закани врз пратениците кои ја изневерија партијата

Мицкоски: Во ЕУ се лиферувани лажни вести дека користиме притисоци и закани врз пратениците кои ја изневерија партијата

Во интервју за Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше околу собирот на народните партии на Европа во Хелсинки и за лажните вести кои беа продуцирани за време на неговиот престој таму. Притоа тој посочи дека кај меѓународната заедница владее погрешна перцепција околу вистинските настани кои се случувале на самиот самит.

– “Во меѓународната заедница за жал владее погрешна перцепција дека некој овдека од ВМРО-ДПМНЕ користи насилни методи дека се служи со закани ги притиска пратениците што екомплетно погрешно и погрешни вести стигаат од тука. Видовме дека и каналот на тие погрешни вести преку кој иде еден пратеник од една соседна земја кој ги лиферува тие вести и кои апсолутно не се точни“ рече Мицкоски.

Мицкоски притоа посочи дека имал можност да разговара за вистинските настани кои се случуваат во Македонија и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцира дека никогаш не подржувал и го осудува секој вид на насилство, закани и уцени.

Најнови вести