вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Вести

Мицкоски: Во Црна Гора за државен удар судеа по 4,5 години, во монтиран случај за 27-ми април судеа по 18 години затвор

Мицкоски: Во Црна Гора за државен удар судеа по 4,5 години, во монтиран случај за 27-ми април судеа по 18 години затвор

Во вечерашното гостување на телевизија Клан Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека случајот 27-ми април е една катастрофална судска констукција, по принципот, дајте ми човек да му дадам пресуда.

Според него овој процес нема никаква логика со реалноста, бидејќи се осудени на изјава на еден од учесниците во протестите, а тоа го немало ниту во процесите од 49-та година на политбирото, кога луѓе за една изјава се носеле на Голи Оток.

Мицкоски говорејќи на оваа тема и драконските казни кои беа пресудени го посочи евидентниот случај на државен удар во соседна Црна Гора, каде највисоката затворска казна изнесува не повеќе од 5 години, а во случајот 27-април истата изнесува 18 години затвор.

-Во Црна Гора имаме евидентен државен удар, највисоката казна која што ја доби црногорски државјанин е 4 или 5 години, казна затвор. 4 или 5 години. Кај нас имаме 18 годишна затворска казна за господинот Чавков. И ако ги прегледате обвиненијата и ако ја видите пресудата која што е преку 1600 страници ќе видите дека навистина станува збор за една катастрофална судска конструкција, дајте ми човек да му дадам обвинение. Дајте ми човек да му дадам пресуда.