понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 105
home Вести

Мицкоски: Во Брисел барав од пријателите да застанат зад Македонија и конечно да ги почнеме преговорите со ЕУ

Мицкоски: Во Брисел барав од пријателите да застанат зад Македонија и конечно да ги почнеме преговорите со ЕУ

Претседателот на најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервју за “Вечер Прес” околу проширувањето на Европската унија и неговата неодамнешна офанзива во Брисел истакна дека постои волја кај европските партнери, но постојат и бројни критики за високото ниво на корупција и криминал во Македонија.

-Заклучокот е дека постои голема волја и желба, од страна на нашите европски партнери, Македонија да ги почне конечно преговорите за коишто ги исполни сите критериуми уште пред 11 или 13 години, откако сме формално земја кандидат. Македонија има огромно мнозинство на пријатели во Брисел, луѓе кои ја разбираат позицијата на Македонија, но не ја разбираат позицијата на Бугарија, која во овој момент, очигледно претставува сериозна пречка за почнување на преговорите. Најголемите критики што доаѓаат од Брисел кон Македонија е огромното ниво на корупција, криминал кој владее во државата и тоа не е некоја голема тајна, бидејќи ние сме според извештајот на Транспарентност интернационал на 111. место или најкорумпирани и најкриминализирани во Европа. Немањето суштински и квалитетни реформи, лошото менаџирање со Ковид-пандемијата, отприлика тоа се дел од неколкуте атрибути кои дипломатите во Брисел ни ги забележуваат, посочи Мицкоски.

Целосно сум вложен на страната на народот и на државата изјави тој за “Вечер Прес”.

-Им реков дека сето тоа кое го заклучиле врз основа на извештаите кои ги добиваат е точно, но дека не сум тука дојден да ја озборувам власта, ниту е мојата цел да ја критикувам бидејќи тоа што тие го кажуваат е горе-долу вистина. Мојата цел беше таму да разговарам со пријателите и да добиеме што е можно повеќе пријатели кои ќе застанат зад нас на денот кога конечно ќе почнеме да преговараме со Европска Унија, успешно да ги завршиме тие преговори и да станеме членка во Европската Унија, истакна Мицкоски.

Локални избори 2021