четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 71
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски во Берово: ВМРО-ДПМНЕ во новата програма предвидува сериозни решенија на егзистенцијални и реални проблеми на граѓаните

Мицкоски во Берово: ВМРО-ДПМНЕ во новата програма предвидува сериозни решенија на егзистенцијални и реални проблеми на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска е во посета на општина Берово, од каде на сите верници од православна вероисповед им го честиташе празникот Голема Богородица.

-Денес се наоѓаме во Берово, помеѓу граѓаните во Берово и Беровската општина. Ја користам оваа прилика на сите верници од православна вероисповед да им го честитам овој голем христијански празник и да им посакам многу здравје, среќа, успеси на нив и нивните семејства, во период кој што ни доаѓа да се радуваме за успешна, среќна и просперитетна Република Македонија, истакна Мицкоски и додаде:

„За жал од искуствата кои што ги добивам овде од граѓаните црна е сликата која што преовладува во Берово и беровско. Се сретнавме со реални и сериозни егзистенцијални проблеми. Знаете дека откупот на сливата заврши неславно, 20.000 тони слива остана не откупена, луѓето не можат крај со крај да сврзат, луѓето се наоѓаат во тешка мака, имаат сериозен предизвик како да ја поминат годината до следната реколта.

Истото се случува и со младите од овој крај, масовно го напуштаат овој крај. Луѓето навистина мака мачат како да ја совладаат егзистенцијата односно да ги решат основните егзистенцијални проблеми.

Исто така ја користам оваа прилика да на сите оние рудари во рударко енергетските комбинати Осломеј и Битола да им го честитам денот на рударите, но истовремено и на сите оние рудари кои што се во окната ширум рудниците кои се во Република Македонија, да им го честитам празникот и да им поскам среќа во совладувањето на нивните секојдневни работи обврски.

ВМРО-ДПМНЕ ја подготвува програмата која што ќе биде презентирана пред граѓаните наскоро. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува сериозни решенија на сериозни егзистенцијални и реални проблеми на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не ја базира програмата на гол наратив на популистички ветувања кои што се ветуваат и даваат пред изборните кампањи, а потоа се бега како „ѓавол од темјан“ за нивна реализација, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што стои на зборот и она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го стави и ќе биде дел од нејзината програма ќе го реализира. Промени се потребни во нашата држава, а Македонија ќе победи!“.