недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Мицкоски во 2017 година за прогресивниот данок: Оваа антимерка што сака владата да ја спроведе е лошо интерпретирање на економските политики

Мицкоски во 2017 година за прогресивниот данок: Оваа антимерка што сака владата да ја спроведе е лошо интерпретирање на економските политики

Во однос на дебатата во јавноста за прогресивниот данок денеска, да се потсетиме на она што уште во 2017 година го имаше истакнато Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за имплементацијата на таа арка од страна на владата дека истата ќе има негативно влијание врз граѓаните, но и на македонската економија во целост.

Мицкоски тогаш посочи дека ќе губат висококвалификувани силно платени професии, луѓе кои што вложиле во своето образование, а се ангажирани од компаниите, во овој случај тие дополнително ќе го оптоварат буџетот на компанијата со оваа мерка. Ќе изгубат исто така и Фондот за пензиско и Фондот за здравствено осигурување.

Мицкоски тогаш истакна исто така дека анализите кои биле направени во тоа време во партијата покажале дека тогашниот скалест данок не произведува доволно резултати, туку напротив ја стимулира даночната евазија и црната економија, па по тие сознанија ВМРО-ДПМНЕ  во минатото го имаше воведено рамниот данок со причина, затоа што со него драматично се зголемија приходите во буџетот, тоа значеше повеќе средства за капитални инвестиции, за зголемување на плати, изградба на училишта итн.

Меѓу другото да се потсетиме дека „Рамниот данок“ во минатото ја рангираше Македонија на 10-тото место на Doing Business и прва во регионот.

-Оваа антимерка што сака владата да ја спроведе е лошо интерпретирање на економските политики и обид на популистички начин да се додворуваме на гласачите, велеше Мицкоски во 2017 година за прогресивниот данок.

Заев наспроти Мицкоски во 2018-тата година на новинарско прашање на прес конференција на владата го нарече прогресивниот данок праведен данок,  за кој денеска министерската Нина Ангеловска го стави во мирување до 2023 година, се додека не се адаптира соодветна имплементација.

Заев тогаш истакна дека со оваа мерка се овозможува да се врати средната класа, што била изгубена, дека преку оваа мерка и со вакви социјални мерки се унапредува општеството. Дека истата ќе опфати само 1% односно 9.000 граѓани кои ќе треба да платат 8% за нето приход оголем од неговата плата. Со оваа мерка ќе се акумулираа 33,34 милиони евра средства велеше премиерот.

СДСМ и Заев останаа на популистичките потези пред избори, најмногу најавуваната економска мерка уште во изборите во 2016 година, која што требаше одамна да се реализира, денеска се стави во мирување веројатно поради додворување на потенцијалните гласачи предизборно.

Коронавирус