четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски: ВМРО не планира бојкот, туку победа на претседателските избори

Мицкоски: ВМРО не планира бојкот, туку победа на претседателските избори

Во вечерашното издание во емисијата „Отворено студио“ на телевизија Алфа, лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПMНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека вчерашната наводна изјава на Генералниот секретар на партијата е спинувана и извадена од контекст и дека опозицијата не планира бојкот на претстојните претседателски избори. Наместо бојкот Мицкоски најава победа на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори.

-Мислам дека вчера беше погрешно протолкувана изјавата, односно монтирана и спинувана еве овака да се изразам во поинаков жаргон изјавата која што беше дадена од страна на Генералниот секретар. Напротив ВМРО-ДПМНЕ и за време на средбите со граѓаните и за време на средбите со Општинските комитети е јасен гласен и прецизен, ВМРО-ДПМНЕ излегува на претседателските избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претседателските избори. И тука нема да имаме никаква дилема, ниту пак некој од нас има некаква дилема, ниту некој треба да има било каква дилема, истакна тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека опозицијата побарала предвремени парламентарни избори за да се спречи како што вели тој дополнително губење на Република Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ оди да победи на сите избори вклучително и на претседателските избори и тука нема дилема. Но за да биде триумфот поголем за да не се случи дополнителното губење на Република Македонија, за да не се случи имплементирање на платформи на туѓи земји, за да не се случи реформулирање на Република Македонија на државното уредување на Република Македонија, потребна ни е довербата на народот. Само на тој начин ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да застанеме пред народот и да кажеме ние сега ќе ја браниме Република Македонија на начин како што знаеме и умееме да ја одбраниме, вели Мицкоски.

За крај Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ не може од опозиција да го корегира тоа што Владата го прави насила.

-Не може ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да направи нешто за да може да го корегира тоа што го прави насилнички Владата, бидејќи Владата ги има сите инструменти, заклучи тој.

Коронавирус