четврток, 22. август 2019. Вести денес: 109
home Вести

Мицкоски: ВМРО е темелот на Илинден и затоа ВМРО му припаѓа на Македонецот

Мицкоски: ВМРО е темелот на Илинден и затоа ВМРО му припаѓа на Македонецот

„ВМРО, ВМРО е темелот на Илинден, составен дел од таа борба за слобода. И затоа ВМРО му припаѓа на Македонецот“.

Ова го порача лидеот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор по повод Илинден.

-Тоа е неговиот сопатник и пријател низ времето. Вториот Илинден е само продолжение на тоа каде се стигнало со првиот. Партизаните кои го носат пламенот на слободољубието наследен од Илинденците конечно победуваат и ја плаќаат високата цена за денешната слобода. Во таа борба подеднакво се големи сите титани кои се нашите македонски апостоли на кои имаме и историско и културно право да се повикуваме, истакна тој.

Гоце Делчев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, беше идеологот на таа борба за слобода чија судбина не сакаше да го дочека Илинденското востание но неговото име и чест продолжи да живее.

-Тука се и Даме Груев, Татарчев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Христо Узунов, Методиј Патчев, се до Ченто, Пирузе, Панко, Апостолски. Сите се ова македонски синови од кои не смееме и немаме ниту историско право да се одречеме ниту да го посрамотиме нивното дело. Илинден е и потсетник дека не смееме да скршнеме од патот натопен со крв на хероите кои ги положија животите. Илинден е и наша должност кон нашите предци и паметник за тоа како ја добивме слободата која мора постојано да ја браниме. Илинден и последниот здив на комитетите и партизаните кои гинејќи за каузата беа верни на делото Смрт Или Слобода.

Денес, истакна тој, сакам да направам исклучок од оние протоколарни говори какви слушате секоја година на овој празник преполни со историски реминисценции, јас денес сакам да кажам неколку работи за сегашоста, но и иднината. Искрено и од срце.